Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДоналд Трамп и официјално претседателски кандидат

Доналд Трамп и официјално претседателски кандидат

Републиканците и официјално го избраа Доналд Трамп за претседателски кандидат на десничарската партија во САД, со вкупно 1237 гласови што е најмногу досега во историјата на партијата.

Во четврток се очекува само официјално Трамп да ја прифати номинацијата.

„Јaс сум многу горд што сум ваш кандидат за претседател на Соединетите Држави“, изјави Трамп преку видео пренос од Трамп кулата.

Во вторникот беа објавени резултатите од последната анкета на меѓународниот центар „Ипсос“, во соработка со Ројтерс, посочува ТАСС.

Според социолозите главната соперничка на Доналд Трамп на патот кон Белата куќа, Хилари Клинтон, сега води со 7%, додека порано водеше со 15%.

Трамп во интервју за телевизијата Си-Би-Ес ги коментираше обвиненијата против неговата сопруга Меланија за тоа дека го копирала говорот на Мишел Обама. Таа вчера одржа говор на првиот ден од конгресот во Кливланд и веднаш беше констатирано совпаѓање со сличните изговорени реченици од говорот на Мишел Обама од 2008 година.

-Мислам дека луѓето од екипа не требаше да го направат тоа, рече Трамп, напоменувајќи на овој начин, без да каже директно, дека вината е на луѓето кои го напишале говорот на Меланија.

„Горд сум од тоа што таа го направи и мислам дека таа беше неверојатна“, додаде тој.