Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДОМ бара да се прогласи вонредна состојба поради загадувањето

ДОМ бара да се прогласи вонредна состојба поради загадувањето

ДОМ повторно бара од утре до крајот на февруари 2016 година да се прогласи вонредна состојба поради загадувањето.
Партијата предлага и неодложни мерки низ градовите меѓу кои дефинирање зелена зона за пешаци и велосипедисти, затворање на градилиштата, миење на улиците со вода, субвенции за печки со целосно согорување и квалитетни горива за домаќинствата, строга контрола на индустриските постројки и редовно собирање на отпадот.

Според ДОМ, треба да се воведе и забрана за возила под 4 ЕУ стандард во градскиот сообраќај, да се воведе принципот на пар-непар, да има повеќе автобуси во јавниот превоз, како и да се воведе јавен превоз во градови кај што го нема.

– Ова се итни мерки што се прават со скромен буџет, а можат брзо да дадат резултат. Владата не смее да се оглушува на протестите и барањата на граѓаните, зашто тие се борат и за нивните деца, наведува ДОМ и најавува дека ќе го поддржи утрешниот граѓански протест против загадениот воздух.