Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДоктори од Гевгелиската болница се сликале со пациент додека го оперирале

Доктори од Гевгелиската болница се сликале со пациент додека го оперирале

bolnica selfi _zamaglena

Гевгелиската болница со се поголеми скандали. Оваа фотографија е направена во операционата сала во болницата. Додека пациентот под дејство на анестезија и со отворен стомак, во локва крв лежи на хируршкиот стол, целата медицинска екипа прави селфи. Фотографијата потоа е ставена на Фејсбук профилот на една од докторките, каде што луѓето ја поздравуваат медицинската екипа без никој да забележи дека ваква фотографија не смее да се објавува јавно и дека со тоа е нарушена приватноста на пациентот и Законот за правата на пациентите.

Сретко Јованов денеска соопшти дека веднаш по добивањето на информацијата се преземени соодветни законски мерки за санкционирање на здравствените работници инволвирани во случајот.

Согласно Законот за здравствена заштита (член 186,став 1,точка1), истакнува Јованов, станува збор за дисциплински престап за кој се поведува соодветна дисциплинска постапка.

Тој посочува дека за целиот случај ќе биде изготвен и соодветен извештај, кој уште денеска ќе биде доставен до Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување, Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), каде е вработена една од докторките од случајот.

Воедно, Општата болница Гевгелија се оградува од индивидуалните постапки на поединци кои го нарушуваат угледот на установата, додава Јованов во соопштението.

Инаку, пред извесно време родилка и нејзиното бебе починаа во гевгелиската болница, а на двајцата анестезиолози им беа одземени лиценците за работа бидејќи биле пијани за време на операцијата.За слична ваква фотографија во 2010 година, лекарка од Ургентен центар во Скопје беше суспендирана од работа бидејќи се сликата со полугола пациентка во позадина за време на новогодишната ноќ.