Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДоговорот на Гаспром со Кина е погрешен чекор за Русија?

Договорот на Гаспром со Кина е погрешен чекор за Русија?

Кога рускиот гигант ја објави сумата 400 билиони долари за 30-годишниот договор со Кина за извоз на гас, сите го поздравија потегот, но изгледа дека тој договор наиде на низа проблеми.

Во анализата на „Морган Стенли“ се наведува дека изградбата на гасоводната цевка ќе биде одложена на барем 6 месеци. Тоа ќе го одложи и почетокот на извозот до втората половина на 2019 г., наместо како договореното, извозот да почне во првата половина на 2018 г.

Ова не е единствен проблем со кој се соочува договорот на Гаспром. Минатата недела, Financial Times забележа дека договорот не е заштитен од можен одложен период на ниски цени на нафтата. Според анализата, моменталните цени на нафтата го прават овој прокт на Гаспром непрофитабилен, па дури и со можни загуби.

Во мај 2014, суровата нафта беше над 100 долари за барел, но почна да паѓа набрзо откако договорот беше постигнат. До денес е намалена за 56%.
brent oilИ додека Гаспром се соочува со големи проблеми околу билионскиот договор, AFP истакнува дека компанијата изгубила пет шестини од својата пазарна вредност, од финансиската криза досега. Исто така, наметнатите санкции од САД и ЕУ ги отежнуваат напорите на компанијата да извезува.

Одложувањето, санкциите и падот на цената на нафтата ќе го стават рускиот гигант во големи проблеми. Тоа, исто така, ќе повлече проблеми и за Кремљ.

извор:businessinsider