Saturday, Apr 27, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеДизни ќе гради забавен парк ¨Војна на Ѕвездите¨ од соништата

Дизни ќе гради забавен парк ¨Војна на Ѕвездите¨ од соништата

Директорот на студиото Дизни, Боб Ајгер, ги објави плановите за изградба на два нови тематски паркови посветени на познатиот серијал филмови ¨Војна на Ѕвездите¨.

150815180539-star-wars-land-exlarge-169

Тематските паркови ќе бидат изградени како продолжение на веќе постоечките Дизни паркови во Калифорнија и Флорида. Парковите ќе се простираат на површина од 5,6 хектари, а сите вработени ќе бидат облечени како ликовите од познатата научно-фантастична сага.

Парковите ќе им овозможат на фановите да го доживеат светот на Војна на Ѕвездите како никогаш досега и ќе можат да разговараат и да се сликаат со омилените јунаци од филмовите.

¨Гостите навистина ќе станат дел од универзумот на Војна на Ѕвездите¨ – изјави Ајгер. ¨Парковите ќе бидат на сосема ново ниво и ќе ги носат посетителите во сосема нова галаксија¨.