Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДипломатскиот синдикат: МНР вработува партиски кадри

Дипломатскиот синдикат: МНР вработува партиски кадри

Синдикатот на дипломатската служба се сомнева дека МНР распределува дипломати низ амбасадите и конзулатите за да згрижи партиски кадри и тоа на нетранспарентен начин. Според синдикалниот претседател Сашко Тодоровски, 20-тте интерни конкурси во МНР се објавуваат во екот на институционалната блокада и без притоа да се информира Синдикатот.

„Мора да се сообразиме и до формирањето на Влада не смеат да се преземаат такви чекори. Меѓутоа во секој случај нè загрижија тие четири ударни места, Лондон, Париз, Вашингтон и Мисијата при НАТО во Брисел, таму за среќа во моментов имаме доволно луѓе.“ – вели Сашко Тодоровски, претседател на Синдикатот на дипломатската служба

Од МНР писмено реагираа дека интерни конкурси се во рамките на законот.

„Упатувањата во дипломатско – конзуларните претставништва се вршат во согласност со релевантна законска рамка. Истата го опфаќа Законот за надворешни работи, одредбите содржани во Правилникот за упатување и сите други релевантни подзаконски акти. Секако дека овие факти се познати и за лицата кои се претставуваат како синдикат, а впрочем се обидуваат да извлечат лична или политичка корист.“ – стои во соопштението од МНР

Додека МНР распишува интерни конкурси, голем број амбасади немаат амбасадори од албанскиот блок, поради судирите меѓу ДУИ и претседателот Иванов. Досегашната вледејачка партија не го признава како претседател, па тој не им потпишува укази за нивните амбасадори.