Saturday, May 11, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИмињата на новите амбасадори ќе се знаат откако ќе добијат агреман од земјите домаќини

Имињата на новите амбасадори ќе се знаат откако ќе добијат агреман од земјите домаќини

Имињата на македонските амбасадори кои ќе треба да ги пополнат испразнетите дипломатски претставништва ќе бидат соопштени дури откако ќе бидат одобрени од земјите во кои треба да бидат испратени, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Во процесот на одредување амбасадори се вклучени и трети земји согласно практиката и почитта кон земјите од кои што се бара согласност. Тогаш, кога тој процес ќе биде целосно завршен, ќе бидат соопштени имињата, за да не им направиме непријатност на земјите од кои бараме согласност – рече Димитров.

Тој истакна дека има одреден застој поради локалните избори, дел поради правни прчки, дел поради фокусот кон кампањата, но вели дека МНР прави сè за да се пополни дипломатската мрежа.

– Надворешната политика не се води само во главниот град или само на ниво на министер и дипломати во МНР. Апсолутно е приоритет и правиме сè за да ја пополниме мрежата што побрзо но и да го подобриме процентот на кариерни дипломати – рече Димитров.