Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимитров во Атина нема да врши притисок, туку ќе бара помош

Димитров во Атина нема да врши притисок, туку ќе бара помош

Македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров синоќа, во пресрет на денешната средба со грчкиот државен врв во Атинa, во интервју за Тв Скај порача дека не е во Атина за да ја притисне грчката влада, туку да побара поддршка бидејќи Македонија би сакала Грција да биде нејзин најголем сојузник за НАТО и ЕУ.

– Не сум тука за да извршам притисок, тука сум за да побарам помош, поддршка и разбирање. Би сакал Грција да биде најголемиот наш сојузник, бидејќи ние сме соседи, ќе бидеме тука, ќе делиме граница, се надеваме еден дена ако имаме заедничка европска идина да нема веќе граници. Затоа би сакал Грција да стане наш сојузник и би сакал да ги уверам народот, премиерот, владата дка навистина можеме да бидеме пријатели – истакна Димитров.

Димитров изјави дека нема да ги отвори картите за тоа со какви ставови и размислувања за решавање на спорот за името ќе настапат пред грчката влада, но го повтори предлогот Македонија да се зачлени во НАТО и да почне преговори со ЕУ под привремената референца бидејќи е неопходно државата побрзо да се интегрира во овие институции за и Грција да добие сосед кој ќе биде дел од нив.

Шефот на македонската дипломатија апелираше дека двете држави треба да ја остават историјата на историчарите и да работат кон подобрување на сегашноста и иднината, истакнувајќи дека не е мудра политика да се градат билатерални односи врз стари историски теми.

– Новата влада не се согласува со изградените споменици од претходната власт и не бил сакал да младите генерации во Македонија да растат со идејата дека Грција е непријател – порача тој