Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимитриев ги одби обвинувања на Нихиу и го осуди изборот на нов претседател на Собранието

Димитриев ги одби обвинувања на Нихиу и го осуди изборот на нов претседател на Собранието

Премиерот Емил Димитриев по вчерашните случувања во Собранието апелира за смиреност и разумност кај сите политички партии и ги повикува граѓаните на смиреност и зачувување на квалитетни меѓуетнички и меѓупартиски односи.

– Македонија вчера преживеа драматичен, непријатен, тежок и непосакуван ден. За жал, бевме сведоци на насилство кое не му одговара никому, и од кое сите ние како граѓани сме засрамени, пред се заради имиџот и интересот на Република Македонија. Партиите и политичките лидери треба да се фокусираат кон деескалација, стабилизација и фокусираност кон заедничките цели кои ги имаме како држава и како нација. Поделбите не водат кон добро, сега е потребно повеќе од порано да покажеме заедништво и обединување околу најдобриот интерес за Република Македонија, рече Димитриев наденешната прес-конференција.

Тој посочи дека го осудува насилството од секој облик, како што рече, физичкото насилство од злонамерни поединци врз пратениците, насилството кое го доживеаа и граѓаните, и насилството врз процедурите, Деловникот, законот и Уставот.

– Институциите функционираат и ќе функционираат. Уставот и законите мора да се почитуваат. Демократијата е можна само преку почитување на процедурите и суштината на законите. Како премиер не се согласувам со неделовничкиот начин за незаконски обид за избор на претседател на Собранието, и ускратувањеато на правото на говор на пратениците, и овие две работи претставуваат грубо нарушување на принципот на владеење на правото, истакна Димитриев.

Посакувајќи им на повредните што побрзо опоравување, и апелирајќи на враќање на состојбата во нормала, македонскиот премиер рече дека го осудув изведувањето на химна на странска држава во македонското Собрание.

– Ваквиот незаконски обид за избор на претседател на Собранието треба да биде поука за сите дека во иднина не треба да се преземаат останати неделовнички, незаконски и изнасилени чекори во Собранието, бидејќи може да создадат огромни ризици и расцеп во граѓанското ткиво. Се надевам дека сите ќе се однесуваат одговорно во иднина, посочи Димитриев.

Нагласи дека не се согласува и со обидот на министерот за внатрешни работи Арбен Нухиу да персонализира некаква, како што потенцира, наводна одговорност во директорот на бирото за јавна безбедност Митко Чавков и во полициските професионалци и припадниците на полицијата.

– Тие ја имаат мојата доверба и почит како премиер. Истовремено сум возменирен и жалам заради некои информации за прекумерна употреба на сила врз некои граѓани од страна на некои полицајци иако бев информиран дека тактичкото постапување на полицијата било согласно стандардите, посочи претседателот на Владата на Република Македонија