Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДиего Марадона повторно e активен во фудбалот!

Диего Марадона повторно e активен во фудбалот!

Диего Марадона, некогаш еден од најдобрите играчи во светот, е новиот тренер на Ал Фујаирах, кој се натпреварува во втората лига на Обединетите Арапски Емирати.

Марадона кој ја предводеше селекцијата на Аргентина од 2008 до 2010 година ја објави оваа вест на својот фејсбук профил:“ Сакам да објавам дека сум новиот тренер на Ал Фујаирах, во втората лига на Обединетите Арапски Емирати, еве ја и мојата нова боја.”

 

Diego-Maradona

 

Ќе видиме дали легендарниот Диего ќе се докаже и како тренер и дали неговиот нов тим ќе влезе во првата лига во следната сезона!