Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмДи Каприо може да биде протеран од Индонезија

Ди Каприо може да биде протеран од Индонезија

Славниот Оскаровец, Леонардо Ди Каприо пристигна во Индонезија во мисија за подигнување на свеста за критично загрозените видови. Актерот при тоа го посети резерватот „Лејзер Екосистем“, каде се „дружеше“ со величенствените суматрански слонови, на кои им се заканува исчезнување во следните 30 години, доколку нешто итно не биде преземено.

Според фотографија која го обиколи светот, на еден од слоновите очигледно многу му се допадна славниот Леонардо. На фотографијата се гледа како слонот со сурлата го влече Лео на панталоните на многу непријатно место, но тоа не го збуни актерот, кој како вистински професиoналец фотографирањето го одработи до крај.

leonardo slon3

Но, во многу објави на Инстаграм, Леонардо укажа на еколошкиот проблем и повика на заштита на дождовние шуми, а тоа не им се допадна на индонезиските власти. „Ние ја поддржуваме неговата грижа за спас на екосистемот „Лејзер“, но ќе му забраниме понатамошен престој во Индонезија ако продолжи со објавување на непримерни или провокативни изјави на социјалните мрежи“, најави Херу Сантос, потпарол на индонезиското Министерство за имиграција и човекови права