Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосно(Видео) Постарите слонови спасија мало слонче од давење

(Видео) Постарите слонови спасија мало слонче од давење

Овие  мирни џинови важат за едни од најинтелегентните копнени животни кои ја населуваат оваа планета. Нежни се, чувствителни и склони кон психички заболувања, нивното памтење е импресивно, а и нивната креативност е доста развиена можеби токму поради тоа што имаат најголем мозок во споредба со останатите копнени видови, тие можат дури и членовите од нивното стадо да ги препознаат по мирисот.

Погледнете го ова видео каде што најмалиот член на фамилијата копнени џинови е спасен од давење во базенот во зоолшката градина Сеул во Јужна Кореа.