Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОдемвингe има нов клуб!

Одемвингe има нов клуб!

Питер Одемвинге, нигерискиот напаѓач и поранешен член на Лил, ВБА и Стоук за свој нов клуб го избра индонезискиот Мадура Јунајтед, така што заедно со Михаел Есиен и Карлтон Кол ќе ги забавуваат навивачите ширум Индонезија.

Одемвинге е роден во Русија, таткому е од Нигерија додека неговата мајка е Русинка, а неговата кариера ја започна во Нигерија, во тим Бендел, па потоа се преселува во белгискиот Ла Лувиер. Каде во 2004 година потпишува за Лил за 650 илјади евра. Во Лил има одиграно 106 натпревари, постигна 28 гола со 15 асистенции. Локомотив Москва, го купува за 10 милиони евра, за овој клуб има 81 натпревар, постигна 23 гола и 14 асистенции. Потоа кариерата ја продолжува во Англија каде има настапувано за екипите ВБА, Кардиф, Стоук, Бристол Сити и Ротерам. За Нигерија има одиграно 62 натпревари и постигнал 11 гола.