Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДеветгодишно дете спречило киднапирање на својта новородена сестра

Деветгодишно дете спречило киднапирање на својта новородена сестра

Германската полиција денес соопшти дека во Хамбург било спречено киднапирање на новородено бебе, благодарејќи на брзата реакција на нејзниот 9-годишен брат. Во полициското соопштение стои дека 34-годишната Германка во петок попладне ја земала бебето старо еден ден од болничката соба, додека нејзината мајка спиела.

Братот на бебето, меѓутоа, ја следел неименуваната жена и потоа и се обратил, за таа да му го предаде девојчето. Жената набргу била уапсена и однесена во психијатарска болница. Полицискиот портпарол Улф Вундрак денес изјави дека момчето „значително помогнало“ во враќањето на бебето.