Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТрагедија во Кавадарци: Мртво новороденче донесено во граската болница

Трагедија во Кавадарци: Мртво новороденче донесено во граската болница

Утрово во болницата во Кавадарци со возило на брзата помош било донесено бебенце, не постаро од 40 дена, кај кое лекарите констатирале смрт.

Од полицијата соопштуваат дека утрово во 4:45 часот од ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци во Полициската станица КАвадарци било пријавено донесено починато бебе.

По наредба на надлежен Јавен обвинител излелезно е на лице место, се работи на целостно расветлување на настанот – изјави портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

Наложена била и обдукција која ќе ги покаже причините за смртта на новороденчето.

Според информациите на некои медиуми, од кавадаречката Брза помош изјавиле дека бебето не давало значи на живот и доктор на службата само констатирал смрт.