Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВо тоалетот на тетовската болница пронајдено мртво новороденче

Во тоалетот на тетовската болница пронајдено мртво новороденче

Вчера околу 22,00 часот, дежурен лекар пријавил дека во тоалетот на интерното одделение во тетовската болница пронашол мртво новородено бебе покриено со пелени.

По извршениот увид на местото на настанот од страна на јавен Обвинител, увидна екипа од СВР Тетово и доктор по судска медицина, телото на новороденото бебе е однесено на одделението за судска медицина.

Констатирано било дека во понеделникот околу 16 часот на интерното одделение била примена пациентката С.Н (36) од с.Групчин. По кратко време заради дијагнозата таа била препратена гинеколошкото одделение. Според  мислење на лекарите С.Н. имала спонтано  породување бидејќи пронајденото бебе одговарало на шести месец од бременост, а и добиениот материјал од утерусот укажувал дека С.Н. се породила. С.Н и нејзиниот сопруг Е.А.(42 ) тврделе дека С.Н. не била бремена и дека не се породила. Местото на настанот е фотодокументирано и земени се брисеви за ДНК анализа.

СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.