Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКривична за мајката која го фрли своето новороденче во тоалет

Кривична за мајката која го фрли своето новороденче во тоалет

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 36-годишна жена од с.Групчин, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство на дете при пораѓање.

На 2 ноември минатата година, од страна на вработено лице во Клиничката болница во Тетово, пронајдено било мртво новородено бебе. Јавен обвинител, увидна екипа од СВР Тетово и доктор по судска медицина извршиле увид на местото на настанот, а телото на новороденото бебе е однесено на одделението за судска медицина.

По извршениот разговор со дежурните лекари од интерното и гинеколошкото одделение при болницата во Тетово констатирано е дека околу 16.00 часот на интерно одделение била примена пациентката С.Н (36) од с.Групчин, која по кратко време поради дијагнозата била препратена на гинекологија.

Според мислење на лекарите С.Н. имала спонтано породување бидејќи пронајденото бебе одговарало на шести месец од бременост, а и добиениот материјал од утерусот укажувал дека таа се породила.

С.Н и нејзиниот сопруг Е.А. (42) тврделе дека не била бремена и дека не се породила. Од преземени мерки утврдено е дека пријавената била примена истиот ден во 16.00 часот на гинеколошкото одделение во Тетово, а од извршеното вештачење констатирано било комплетно совпаѓање на земените примероци за испитување од бебето и пријавената.