Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманДесерт за мерак: Крем со капучино

Десерт за мерак: Крем со капучино

Малку време за подготовка за големо уживање. Овој рецепт ќе ви послужи за секоја прилика.

Потребни состојки:
* 250 гр. слатка павлака
* 3 лажички капучино со вкус на карамел или лешник
* 2 јајца
* 3 лажици шеќер
* Какао за гарнир
* Кора од портокал или лимон за гарнир

Начин на подготовка:
Најпрво изматете ја слатката павлака со миксер заедно со трите лажички капучино. Матете долго додека не се направи цврста и густа пена. Во друг сад со миксерот изматете ги јајцата и шеќерот во убава пенлива смеса.

Соединете ги двата фила. Филот од јајцата ставете го во филот со капучиното и мешајте додека смесите подеднакво не се соединат. Во готварски шприц нанесете од смесата, и декорирајте во чаши. Најдобар избор според Давор би биле чаши за шампањ. Декорирајте со какао и кора од лимон или портокал.