Thursday, May 2, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмДепарјде го навреди Кустурица: Тој е измамник и кошмар од лик

Депарјде го навреди Кустурица: Тој е измамник и кошмар од лик

Францускиот актер Жерар Депардје без некоја посебна провокација жестоко го нападна режисерот Емир Кустурица и за „Ла Република“ упати еден куп навреди.

– Не е популарен како што сака да се докаже. Тој сака да биде Ром, но тој тоа не е, тој е син на добростоечки родители… Исто така, тој сака и да биде Србин, но не е ниту тоа. Тој е еден кошмар од лик, сè кај него е лажно- изјавил Депардје.

Двајцата се во конкуренција на филмскиот фестивал во Венеција, со тоа што Емир Кустурица се надева на „Златниот лав“ за новиот филм „На млечниот пат“ во кој глуми и Моника Белучи, па можеби поради неа е малку љубоморен или пак, не добил улога.

– И реков дека е апсурдно да работи со него. Добро ја познавам, таа е многу паметна жена, убава, сензуална, не можам да сфатам како прифатила да снима филм со еден таков тип. Кај него не постои ништо освен измами и лаги – посочи Депардје. Кустурица засега не возвратил на нападите.