Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛДП: Срамни се навредите на Иванов кон германската амбасадорка

ЛДП: Срамни се навредите на Иванов кон германската амбасадорка

Либерално-демократската партија информира дека со голема индигнација и срам ги проследила навредите на претседателот Ѓорѓе Иванов упатени кон германската амбасадорка, Кристин Алтхаузер.

Во неговото интервју на еден од провладините медиуми истакна дека „амбасдорката на Германија испраќала лажни информации за состојбите во РМ“ и дека „нејзиното ниво е навреда за земјата“.

„ЛДП смета дека ова е прв пат во историјата на македонската дипломатија еден претседател на државата да упати такви големи и непресметливи навреди за амбасадор од една од најмоќните држави во Европа и пошироката меѓународна заедница. Навредливите зборови на Иванов се навреда и за канцеларката Ангела Меркел, но и за народот на Германија, инаку една од најблиските економски и политички партнери на Македонија. Овој непромислен и вулгарен истап на Иванов не е прв кога се работи кон критикувањата на државите на ЕУ и САД. Тој уште еднаш го покажува анимозитетот кон Европа и европските вредности, несвесен дека и натаму е најголем фактор на нестабилноста во Македонија и регионот“, соопшти ЛДП.

ЛДП апелира до претседателот Ѓорѓе Иванов во иднина да престане со ваквите несмасни изјави и за промена, сериозно да ѝ пристапи на функцијата претседател на Република Македонија.