Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВељаноски ја прекина седницата по навредите од пратениците

Вељаноски ја прекина седницата по навредите од пратениците

Претседавач со конститутивната седница на Собранието, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски ја прекина седницата отако пратениците почнаа бурно да реагираат поради, како што рекоа непрофесионалното водење на седницата.

По неколку обиди да се смири ситуацијата и по барањата да внимаваат на јазикот кој го користат, Вељаноски ја прекина седницата и да даде пауза од 15 минути за да се смират страстите.