Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДенот на самците во Кина донесе вртоглав профит во „Алибаба“

Денот на самците во Кина донесе вртоглав профит во „Алибаба“

Звучи сосема невозможно, но најголемата светска компанија за онлајн трговија„Алибаба“ во својата 24-часовна продажна акција успеа да оствари неверојатни 710 милиони наплати на стока или вртоглави 86.000 во само една секунда. Oваа акција беше организирана по повод Денот на самците во Кина, чиј фестивал на продажба со намалени цени оствари вкупна продажба во вредност од 14,3 милијарди долари.

За да биде ситуацијата уште поневеројатна, годишниот промет на alibaba.com е за 60% поголем во однос на продажбата остварена истиот ден минатата година. Од продадената стока, најопфатни биле мобилните телефони, телевизори, часовници, мед, млеко и разноразни слатки.