Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДенеска во Штип се собираат донации за казнетите „шарени револуционери“

Денеска во Штип се собираат донации за казнетите „шарени револуционери“

Откако пред некој ден беше одложено собирањето донација за казнетите од „Шарена револуција“, денеска тоа ќе биде реализирано. Во кафе-барот Арт, во Штип, со почеток од 10 часот па се до полноќ, ќе се собираат парични средства кои ќе бидат употребени за плаќање на казната на тројцата штипјани, кои беа казнети со    1.300 евра за боење на тротоари и улици во градот.

-„Почитувани,
Горан, Трајче и Борче од Штип се храбри, шарени револуционери. Тие несебично и без страв застанаа во првите редови на секој протест во Штип и го искажаа своето незадоволство против оваа неморална и нелегитимна, криминална власт. Полицијата, плашејќи се да им се спротивстави, го занемарува фактот дека се на слобода вистинските криминалци, па затоа се занимава и ги третира како криминалци овие млади луѓе, кои немаат никаква дамка во својот живот. Казнети се за уништување на јавни објекти со боење. Боеле? Па што и ако боеле, така само го разбија сивилото во градот. Зарем уништија јавен објект? Обоена е жардињера, на место каде што е предвидена фонтана! Еве каде е криминалот! Затоа сега да застанеме зад Горан, Трајче и Борче, бидејќи тие стојат храбро на страната на правдата. Да не дозволиме сами да плаќаат некакви казни затоа што биле најхрабри и го изразиле незадоволството на сите граѓани на Штип. Да им покажеме дека не се сами!
Казната е 1300 евра, да се обединиме сите заедно и да донираме по малку.
Вашите донации можете да ги оставите во посебно означена кутија во Арт Кафе во текот на целиот ден во четврток (30.06.2016) и потоа следува забава за подршка на нашите Шарени Револуционери почнувајќи од 18:00 па се до 23:59 ч.. Кутијата ќе биде на располагање во текот на работното време.
Еден за сите, сите за еден!“, се вели во повикот на „Шарената револуција“.