Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДемонстрантите спречени да стигнат до Уставен – Дождот не ја спречи Шарената револуција

Демонстрантите спречени да стигнат до Уставен – Дождот не ја спречи Шарената револуција

Силниот дожд не ги спречи учесниците во Шарената револуција да излезат на најавениот протест во Скопје, кој започна во 19 часот пред СЈО. Протестот се одржува под мотото „Правдата е Устав, СЈО е правда“, како што пишува на платното што пред себе го носат демонстрантите движејќи се кон Владата.

Тие и денеска го повторија барањето Уставниот суд да ја потврди уставноста на Специјалното јавно обвинителство, појасувајќи дека заштитата на СЈО е гаранција за правда во Македонија. На протест денеска повика и здружението „Го сакам ГТЦ” од каде порачаа дека „Скопје 2014“ може да се спречи само ако падне оваа влада.
sarena revolucija 1
Демонстрантите се обидоа да дојдат до зградата на Уставниот суд, но полицијата на мостот „Гоце Делчев” тоа го спречија. Тука дојде до мали турканици и кошкања меѓу полицијата и демонстрантите. Демонстрантите со кренати раце се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон и да го продолжат протестот пред Уставниот суд. Учесниците на протестите извикуваат „Убијци, убијци!“ и „Слобода, слобода“.

фото:Радио МОФ