Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДемонстрантите прегрнати со полицијата дојдоа до Владата на РМ

Демонстрантите прегрнати со полицијата дојдоа до Владата на РМ

Откако сите патишта беа блокирани од страна на полицијата, по обраќањето на Стојанче Ангелов на мирен протест без обиди за насилство, групата на граѓани заедно со припадниците на полицијата успеаа да стигнат до Владата на Република Македонија.

„Да покажеме дека сме совесен и паметен народ“- беа зборовите кои ги упати Ангелов  до граѓаните кои се денес излезени на протест.

На протестот може да се слушне скандирања и свирежи за оставка на претседателот. Полициските сили и покрај тоа што ги пуштија демонстрантите да стигнат до Владата и понатаму продолжуваат со вршење на својата функција и штитење за Владата на Македонија. Протестот е и натаму мирен и без инциденти.