Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДемократски сојуз: Платформата се злоупотребува за национализам и меѓуетнички конфликт

Демократски сојуз: Платформата се злоупотребува за национализам и меѓуетнички конфликт

Демократскиот сојуз смета дека таканаречената „Албанска платформа“ се користи за поттикнување на национализам, нарушување на соживотот во Македонија и меѓуетнички конфликти.

Ова е заклучок од Централниот совет на партијата во врска со  политичка состојба во земјата. Демократскио сојуз оценува дека се работи за контролирана политичка криза од раководството на ВМРО ДПМНЕ, која може да излезе од контрола и да ја дестабилизира државата.

Партијата апелира до другите партии, експерти и новинари, да престанат да ја експлоатираат темата за „декларација, меморандум или платформа“, создавајќи простор за демократска и аргументирана расправа по сите прашања.