Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДемант од рудникот „Сивец“: Загинатиот работник не е од нашиот рудник

Демант од рудникот „Сивец“: Загинатиот работник не е од нашиот рудник

Мермерниот комбинат АД Прилеп информира дека не е точна веста во медиумите дека има починат работник во рудникот „Сивец“.

„Очигледно, објавите во медиумите се однесуваат на друг рудник кој што нема никаква поврзаност со Мермерен и СИВЕЦ. Со цел да се избегне било какво недоразбирање, појаснуваме дека СИВЕЦ мермерот се произведува исклучиво од страна на Мермерен Комбинат АД Прилеп.

Компанијата изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот работник и неговите колеги“, се наведува во соопштението на компанијата.