Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометДамјановиќ заминува од ЖРК Вардар!

Дамјановиќ заминува од ЖРК Вардар!

Српската ракометна репрезентативка и актуелна ракометарка во Македонскиот шампион ЖРК Вардар, Сања Дамјановиќ следната сезона ќе игра во унгарското првенство. Таа потпиша двегодишен договор со екипата на Сиофок, која имат за цел да бидат поконкурентни на тимови Ференцварош и Џер.

“Јас никогаш до сега не сум играла во Унгарија, иако нивниот шампионат е еден од најсилните. Мислам дека има прилично добар тим и дека заедно ќе го покажеме тоа во наредните сезони. Досега не сум работела со тренерот Ларс Расмусен, но јас сум сигурна дека ќе бидам во добри раце. Слушнав приказни дека градот е многу убав и јас сум многу возбудена околу новиот предизвик во мојата кариера “, рече Дамјановиќ.

Сања Дамјановиќ пристигна 2015 година во ЖРК Вардар од екипата на Виборг. Игра на позиција лев бек и главно и беше резерва на Хрватската репрезентативка Андреа Пенезиќ.