Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометВардарки стигнаа до првиот трофеј оваа сезона!

Вардарки стигнаа до првиот трофеј оваа сезона!

Вардарки дојдоа до првиот трофеј сезонава, и со големи амбиции влегуваат во преостанатиот сезонски календар, каде се надеваат конечно дека оваа година може да се освои титулата во Лигата на шампионите во Будимпешта.

„Натпреварите меѓу Вардар и Будуќност секогаш носат агресивна игра. На денешниот меч пресуди желбата кај нас. тоа што се договоривме на тренинг, успеавме да го одиграме. Натпреварите во Регионалната лига ни беа добредојдени пред настапот на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите. Уште еднаш честитки до мојата екипа за првото место, а се надевам дека во финале од ЛШ ќе играме со Будуќност“. изјави помошникот на ЖРК Вардар.

Додека тренерот на Будуќност Драган Аџич изјави, “Вардар покажа најмногу во регионалната лига и затоа им честитам на триумфот. Одигравме еден квалитетен натпревар, сето ова беше корисно за Вардар и Будуќност во Лигата на шампионите. Би било одлично ако овие две екипи одиграат и во финалето од Лигата на шампионите.“

Очекуваме ЖРК Вардар да ја донесе втората титула на Македонија во Лигата на Шампионите. ЖРК Вардар игра во полуфиналето на фајнл-фор турнирот против екипата на ЧСМ Букурешт на 6 ти мај.