Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометБразилката ќе ја продолжи кариерата во Русија

Бразилката ќе ја продолжи кариерата во Русија

Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар бразилката Мајса Песоа кариерата ќе ја продолжи во Русија, односно во екипата на Ростов.

32-годишната Песоа на голот на рускиот тим ќе ја замени искусната норвежанка, Кетрин Лунде која се врати во својата татковина. Бразилската репрезентативка во својата кариера досега настапуваше за екипите: Динамо Волгоград, ЦСМ Букурест, ЖРК Вардар.

Со романскиот тим го освои шампионатот на Европа во 2016 година, а додека со нашиот шампион ЖРК Вардар оваа година на фајнал-форд турнирот загуби во финалето и го освои второто место.

За репрезентацијата на Бразил има одиграно 76 натпревари, а најголем успех постигна на Светското првенство во 2013 година во Србија, кога таа го освои златниот медал.