Thursday, May 2, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДали знаевте дека Арсенал има фудбалер кој е на ниво на Меси и Роналдо?

Дали знаевте дека Арсенал има фудбалер кој е на ниво на Меси и Роналдо?

Барем така тој мисли и е прилично уверен во тоа. Без никаква скромност Алексис Санчез изјави дека Меси и Роналдо не се ништо подобри фудбалери од него. „Не се чувствувам инфериорно во однос на никого. Сите зборуваат само за Меси и Роналдо, а јас ги поседувам истите вештини како и тие“, изјави Чилеанецот. Тој со својата репрезентација последните две финалиња во Копа Америка го победи Меси и репрезетанцијата на Аргентина, па веројатно на основа се однесува неговиот став.

Меѓутоа, на Чиле не мутргна најдобро во квалификациите за Мундијалот во Русија и после осум одиграни кола се наоѓа на седмата позиција на табелата. Пораз во Парагвај од Асунсион и реми без голови со Боливија на домашен терен се доказ дека Чиле е во криза. Алексис сега го чекаат предизвици во клубот, пред паузата блесна против победата на „Топџиите“ против Вотфорд, односно забележа гол и асистенција.

3164a63100000578-3457019-image-m-4_1456060895528

Арсенал после три одиграни кола во Премиер лигата има победа, пораз и реми, а овој викенд ќе го пречека Саутемптон.