Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДали ЕУ ќе ја прими Србија само за да ја одалечи од Русија?

Дали ЕУ ќе ја прими Србија само за да ја одалечи од Русија?

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан денеска при посетата во Белград изјави дека е неспорна посветеноста на Европската унија на проширувањето на Западен Балкан и дека Србија е на врвот на таа листа – пренесува МИА.

– Постои јасна поддршка и одлучност Србија да биде во европското семејство, нагласи Хан на прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ.

– На почетокот на јули се одржа самитот во Париз и сите лидери изразија посветеност на проширувањето на Унијата на Западен Балкан, а Србија е на врвот на таа листа и бидете уверени дека има поддршка и одлучност Србија да биде дел од европското семејство, рече Хан. Тој истакна дека ЕУ ќе продолжи да работи напорно за да се реализира натамошниот напредок на Србија на нејзиниот европски пат.

Хан ги уверуваше Србите дека усогласувањето со европските стандарди е во интерес на граѓаните на Србија, а не за да се задоволат европските функционери. Тоа е важно, како што рече, заради постигнување благосостојба и просперитет, со цел земјата да биде попривлечна за странски инвестиции.
vucic-han
Што се однесува на соседите, Хад изјави дека му е благодарен на Вучиќ поради мудрата одлука за нереагирање на изјавата од Хрватска.

– Ја следиме и набљудуваме секоја изјава. Но ако можам да кажам, се согласувам со премиерот, задоволен сум со начинот на реагирање или нереагирање. Моја задача не е да провоцирам, туку напротив, рече Хан по седницата на Владата на Србија, на која присуствуваше по средбата во четири очи со Вучиќ.

Хан изјави дека разликата меѓу политичарот и државникот е во тоа што државникот не ги губи од вид интересите на народот.

– А вашиот премиер за среќа е државник. Јас сум пријател на Србија и верувам во помирување и потребата да се придонесе за натамошен напредок на регионот, додаде Хан. Според него иднината на целиот регион е во ЕУ и затоа е потребен регион во кој ќе владее мир.