Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДа не се лажеме. А1он или Република?

Да не се лажеме. А1он или Република?

Пустец стана посетувана општина деновиве, откако специјалното јавно обвинителство поднесе пријава против градоначалникот Едмунд Темелко. Македонските новинари отидоа во потрага по вистината – дали жителите на Пустец гласале на македонските избори. Па така, на телевизиите можевме да ги слушнеме акнетираните жители на Пустец кои очигледно раскажуваа „иста приказна“ за гласањето во Скопје.

Порталот Пустец.ком објави дека двајца новинари на А1он лажно се претставиле дека работат во медиумот Република. Градоначалникот ги примил во својата канцеларија, а видеото најверојатно е снимено токму таму. Новинарите раскажуваат дека само се обидуваат да дојдат до вистината бидејќи жителите на Пустец изгледале исплашено.

Според информациите на порталот „Пустец“, се работи за новинарите Александар Тодески и Виктор Јованов, новинари на „А1 он“. Тие се дел од импресумот на А1ОН објавен на самиот портал.