Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЧичаковски: ДИК ќе работи професионално

Чичаковски: ДИК ќе работи професионално

Александар Чичаковски е еден од трите независни експерти кои ги прифатија сите политички партии за членство во ДИК по преговорите за реформи со договорот од Пржино, а на него му е доверена и претседателската функција. Тој веднаш најави дека ДИК ќе работи професионално и ќе одлучува во согласност законите и фактите.DIKСо нашето работење целосно ќе се заложиме за почитување на законот и одлучувањето на ДИК ќе се базира на факти и аргументи, изјави Чичаковски. Во наредниот период ДИК ќе има задача да го прочисти избирачкиот список, а потоа и да создаде идеални услови за спроведување на фер и демократски избори.