Saturday, May 11, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЧавков и Спасов се вратија во министерските фотелји, СДСМ ја напушти седницата

Чавков и Спасов се вратија во министерските фотелји, СДСМ ја напушти седницата

Претседателот на собранието Трајко Велјановски на почетокот на седницата соопшти дека оставки поднеле: Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Фросина Ременска мнистерка за труд и социјална политика, потоа дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, Љупчо Николовски од земјоделие и Александар Кирацовски, заменик министер за информатичко општество и администрација. Веднаш после ова за збор се јави Горан Сугаревски од СДСМ кој истакна дека со ваквата одлука аболицираните криминалци повторно формираат влада.

Техничкиот премиер, Емил Димитриев ги предложи за министри за внатрешни и за социјална политика да се вратат Митко Чавков и Диме Спасов, кои беа изгласани од мнозинството пратеници. По ова пратениците на СДСМ ја напуштија седницата, а новите министри дадоа свечена заклетва.

Претходно, со 101 гласа „за“, без против и без воздржани беше усвоен предлогот на Талат Џафери за измени во Изборниот законик.

„Денес одлучив да излезам со предлог за измена на Изборниот законик во делот за датумот за избори. Со цел да се усогласи изборниот законик со привремената мерка на Уставниот суд предлагам по скратена постапка да се усвои, да се одржат избори кога политичките субјекти ќе бидат подготвени да излезат на избори“ – рече Џафери, образложувајќи го барањето за измена на законот за Изборниот законик.

Пратеникот на СДСМ, Ѓорѓи Сугаревски ја предупреди ВМРО-ДПМНЕ дека ја загрозува иднината на Македонија.
„Ова е со цел да се усложни и така сложената ситуација во државата. Тоа што вчера беше невозможно денеска со волшебното стапче на Груевски стана возможно. Овој парламент е познат по кршење Устав и закони. Ја загрозивте иднината на РМ. Вие сте сочуесници во ова злодело“ – предупреди Сугаревски.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, постои катастрофален страв на СДСМ од избори.
„Одлуката на Уставниот суд не е во согласност со ставот на ВМРО-ДПМНЕ“ – рече Илија Димовски.

На денешната седница не се присутни пратениците од ДПА. Пратениците на СДСМ денеска носеа беџови со знакот „Протестирам“.

Седницата продолжува во 18 часот.