Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЧавков доживеал инфаркт

Чавков доживеал инфаркт

Екс директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, вчера бил примен на Клиниката за кардиологија каде што лекарите констатирале инфаркт, јавува „МКД“.

По извршена интервенција на негово барање Чавков ја напуштил клиниката по неколку часа, потврдија од скопската Клиника за кардиологија. Лекарите констатирале акутен инфаркт и била направена потребната интервенција, по што поранешниот директор на БЈБ побарал да ја напушти Кардиологија.

Вчера утро Чавков на клиниката во Скопје бил донесен од струмичката болница каде што првично бил сместен. Лекарите на кардиологија во Скопје направиле сѐ што е потребно, велат од клиниката, по што поранешниот директор побарал да ја напушти боницата и лекувањето го продолжил во приватна болница.

Неофицијално, Чавков во моментов се опоравува во една приватна болница.