Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Брзата“ македонска правда на дело на протестот на убиецот на куче

„Брзата“ македонска правда на дело на протестот на убиецот на куче

Органите на редот во многу поголем број и со многу поефикасна акција се присутни на протестот пред куќата на грозоморниот убиец на куче во Скопје отколку пред гневната толпа која линчуваше новинари и пратеници во македонското Собрание.

Обвинителството и МВР ја покажаа својата ефикасност и брзина во доделувањето на правдата па против лица кои замислете се дрзнале да фрлаат со јајца им изрекле и одредиле парични казни, а поднесена е и пријава против организаторот на протестот поради нивните практично терористички поведенија.