Friday, May 3, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБрус Спрингстин откажа концерт поради дискриминација

Брус Спрингстин откажа концерт поради дискриминација

Foto: YouTube Screenshot

Американската рок ѕвезда Брус Спрингстин го откажа концертот во Северна Каролина поради законот кој ја суспендира борбата против дискриминација ла ЛГБТ популацијата. Спрингстин објави на својот сајт дека го откажува концертот кој требало да се одржи во неделата, поради, како што стои во оваа објава, закон кој ги дискриминира лицата кои се геј, лезбејки, бисексуалци и трансродни лица.

„Законот е обид на луѓето кои неможат да го поднесат напредокот кој е постигнат во САД во доменот на почитувањето на човековите права и обид тој напредок да се понижи“, напиша Брус Спрингстин на својот сајт. Според неговите зборови, бендот „E Street Must“ мора да покаже солидарност кон бранителите на човековите права. На сите обожаватели кои купиле карти за овој концерт, ќе им бидат вратени картите.