Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИрена Ристиќ била на распит во ОЈО под сомнение за дискриминација

Ирена Ристиќ била на распит во ОЈО под сомнение за дискриминација

Актерката Ирена Ристиќ е осомничена за предизвикување омраза на национална, верска и друга дискриминирачка основа, објави самата таа на својот фејсбук профил откако претходно Јавното обвинителство ја повикало на распит на 13 октомври.

Во испратениот допис од ЈО се наведува дека Ристиќ се повикува во својство на осомничена.

– Лицето се повикува во својство на осомничена за кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем спред член 394-г од КЗ и кривично дело – Предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 од Кривичниот законик – се наведува понатаму во дописот од Јавното обвинителство.

„Фокус“ во текот на денот се потруди да стапи во контакт со Ристиќ, но таа остана недостапна на својот мобилен телефон.