Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРадијата ја повлекуваат кампањата „пре-еманципирани жени“ по реакцијата на ААВМУ

Радијата ја повлекуваат кампањата „пре-еманципирани жени“ по реакцијата на ААВМУ

„Сити радио“, „Клуб ФМ“ и „Метрополис радио-мрежа“ ја повлекуваат кампањата наречена „пре-еманципирани жени“, која неколку дена беше емитувана на овие три радио-станици.

Повлекувањето на аудиопораките од кампањата следува откако Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) констатираше дека преку нив се шири мизогинија и сексизам.

Од радио-станиците велат дека воопшто немале намера да го навредат интегритетот на жената, ниту пак некого да дискриминираат.

„Напротив, целта на овој, за нашата публика нов, медиумски наратив, беше сите кои претеруваат, со посебен акцент на оние кои газат сè пред себе (за кои впрочем е и наменета кампањата), да се потсетат што е етичко, што сакаат, колку можат и колку треба. Овие медиуми имаат огромна публика која ја разбира, ја поддржува и се забавува со нестандардната реторика на овие џинглови, но, почитувајќи ја и останатата публика, која јасно се спротивстави на кампањата, медиумите одлучија да одговорат со извинување до сите кои се почувствувале посочени и навредени. За таа цел, овие три радија ја повлекуваат кампањата од етер“, стои во известувањето на трите радио-страници објавено на „Фејсбук“.