Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБројот на гласови недоволен, Косово не е нова држава – членка на УНЕСКО

Бројот на гласови недоволен, Косово не е нова држава – членка на УНЕСКО

Поради недостатокот од три гласа за да се добие двотретинското мнозинство, Косово не стана членка на УНЕСКО. Од вкупно 142 земји, на Генералната конференција која се одржа денеска 92 земји се изјасниле „за“, 50 „против“ а 29 биле воздржани.

Во образложението на предлогот за прием на Косово беше наведено дека не се работи за гласање за признавање на Косово како држава, ниту пак за влез во ООН, туку како барање „на граѓаните на Косово да им се овозможи пристап до културните вредности и образование“. Што се однесува до гласањето,  земјите кои гласале против се Русија, Бразил, Кина, Шпанија, Палестина, Белоусија, Северна Кореја, а меѓу оние кои го поддржаа – Белгија, Франција, Британија, Словенија, Италија, Канада, Германија, додека меѓу воздржаните се Босна и Херцеговина, Грција, Романија, Тунис…