Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБројачот на јавен долг во Македонија повторно достапен

Бројачот на јавен долг во Македонија повторно достапен

Бројачот на јавен долг во Македонија повторно се врати во употреба. На интернет е објавена апликацијата бројач преку која во живо може да се следи како од секунда во секунда се зголемува задолженоста на државата.Според апликацијата јавендолг.мк, секој граганин е задолжен за 2158 евра односно од крајот на 2010 до 2015 година, долгот по жител се зголемил за 1133 евра односно 38 евра месечно или за 1,7 евра на ден.

Проценките редовно ќе се ажурираат, како што ќе бидат објавувани нови податоци за јавниот долг од страна на Министерството за финансии (вообичаено на секои три месеци). Секое ажурирање ќе биде уредно документирано и јасно истакнатo.