Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБританската конзервативна партија во предност со 18 поени пред либералната

Британската конзервативна партија во предност со 18 поени пред либералната

Владејачката Конзервативна партија има предност од 18 поени пред главната опозиција во лицето на лабуристите пред претстојните парламентарни избори на 8 јуни во Велика Британија, покажа истражувањето на компанијата „Комрес“, пренесува Reuters.

Според спроведената анкета, конзервативците можат да се потпрат на 48% поддршка, што е за два отсто помалку од претходното истражување на компанијата објавено на 23 април. Лабуристичката партија покажува резултат од 30%, со пет повеќе од претходните.
Анкетата, во која учествувале најмалку над 2 илјади лица е спроведена онлајн во периодот 10-12 мај.