Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБосанските „Чарлиевите ангели“ крадат низ Британија

Босанските „Чарлиевите ангели“ крадат низ Британија

Саида Исовиќ, Ивана Рамиќ и уште една девојка од БиХ, биле членови на банда крадци позната под името „Ангелите на Чарли“, која ги ограбувала граѓаните на Бирмингем во Велика Британија повеќе од една деценија. Се претпоставува дека Босанките со адреса во Велика Британија започнале со грабежите уште додека биле тинејџерки.

На објавената снимка на безбедносните камери се гледа како овие три жени се пресоблекуваат и го менуваат изгледот во лифтот пред да тргнат во грабеж. Со шарената облека, мантилите и шаловите се движеле по трговските центри и продавниците. Дваесет и тргодишната Ивана Рамиќ, минатата година осудена е на 11 месеци затвор за грабеж од октомври 2011 година. Нејзините две колешки кои исто така се осудени, побегнале од земјата пред пресудата.

Саида Исовиќ е уапсена минатата недела кога извела грабеж во Лондон. Судот тогаш го пронашол и налогот за апсење кој бил издаден пред две години. Таа е донесена пред Врховниот суд во Дерби и се изјаснила како виновна за претходните грабежи поради што е осудена на девет месеци затвор.