Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Бомбите“ ќе бидат доказ за „Тортура“, пресече Апелација

„Бомбите“ ќе бидат доказ за „Тортура“, пресече Апелација

Апелацискиот суд денеска на јавна седница донесе одлука дека прислушуваните материјали во предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, можат да се користат како докази.

„Тортура“ се однесува на случајот со апсењето на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а второобвинет е поранешниот командант на „Алфите“, Ивица Антевски-Пуки.

Обвинетите се товарат за мачење и за друго сурово, нечовечко постапување и казнување.