Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиБолт се повреди – ги пропушта Олимписките игри во Рио

Болт се повреди – ги пропушта Олимписките игри во Рио

Најбрзиот човек на светот, Усеин Болт, би можел да ги пропушти Олимписките Игри во Рио откако атлетичарот од Јамајка заработи повреда на мускулот поради која не настапи на квалификациите во својата земја. Очекувањата беа Болт без поголеми проблеми да обезбеди виза за Рио, но ситуацијата целосно се искомплицира откако тој не стартуваше во финалната квалификациска трка на 100 метри – пренесува Екипа.мк
bolt-povreda
„Чувствував проблеми за време на првите квалификациски трки. Мислев дека се е во ред бидејќи немав болка во полуфиналето, но ризикот за настап во финалето беше преголем и затоа во консултација со мојот тим решив да не настапам“ – изјавил Болт. Атлетичарот веднаш почнал со рехабилитациската програма.