Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТрагедија на Параолимпијадата во Рио: Ирански велосипедист почина за време на трка

Трагедија на Параолимпијадата во Рио: Ирански велосипедист почина за време на трка

Иранскиот велосипедист Бахман почина по несреќниот пад за време на трката на Параолимписките игри во Рио де Жанеиро.

Под неразјаснети околности Иранецот падна, а по добивањето на медицински третман, почина во болница, најверојатно од срцев удар.

– Ова е голем удар за Параолимпиското движење и нашите мисли се со семејството на Бахман, со неговите пријателите и колеги од репрезентацијата, како и со Параолимпискиот комитет на Иран, изјави Филип Крејвен претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет.

Голбарнеџад имаше 48 години и се натпреваруваше во класа C4-5.