Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБогоески: Груевски лаже дека е прислушуван

Богоески: Груевски лаже дека е прислушуван

Груевски лаже дека е прислушуван, како што лажеше дека УБК не вршела следење на комуникациите, дека странски служби тоа го правеле и некои жолти комбиња се шетале, а некој лепел и монтирал, изјави синоќа поранешнот прв разузнувач Слободан Богоески во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

– Моја проценка е дека сака да побегне од сопствената одговорност, како човек кој е обвинет за тешки дела, сака да се покаже како политичка жртва и да го сврти вниманието од своите злодела. Му требаат вакви трикови во очи на изборите. Тој и ден денес живее во тој филм со жолти комбиња и мисли дека луѓето му веруваат – изјави Богоески.

Според Богоески, доколку прислушувањето е вистина, Груевски како поранешен премиер ја знае постапката, може да објави, може да поднесе пријава за незаконито прислушување и следење на комуникациите.

Богоески во „Само вистина“ изјави и дека портите за масовното прислушување ги отвори Законот за електронски комуникации.

– Законот за електронски комуникации ја регулира техничката можност УБК да има непречен пристап до комуникацијата на секој граѓанин и до сите оператори. Телекомуникацискиот оператор е должен да обезбеди опрема до УБК, за да може УБК по нивна потреба да ги следи комуникациите. Тоа ги отвори портите за масовното прислушување на кое бевме сведоци – вели Богоески.

Одговарајќи на прашање поврзано со настаните во Собранието од 27 април, Богоевски изјави дека голем дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ се дел од злосторничко здружение.

– Исто важи и за лидерот, кој сам така се нарекува, и кој е осомничен и обвинет за најтешки дела. Да сум јас шеф ни минута не би ги оставил на слобода. Тие се опасност за Република Македонија – изјави Богоески.