Блан го посакува Алексис Санчез во своите редови
Тренерот на Парис Сен Жермен Лорен Блан, се чини дека пронајде замена за Ибрахимовиќ кој на лето го напушта клубот, а таа замена би можела да пристигне од Арсенал. Имено, Лорен Блан е голем обожавател на играта на ѕвездата на Арсенал Алексис Санчез и ќе се обиде да го донесе во текот на летниот трансфер период. Францускиот тренер планира да го стави Санчез на крилната позиција во нападот, па така ќе се отвори простор за Кавани да игра како класичен напаѓач. Се уште не е познато каде Ибрахимовиќ ќе ја продолжи својата кариера, но според шпекулациите Премиер лигата би можела да биде негова следна дестинација.