HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаБитолчани произведувале и продавале марихуана – четворица уапсени

Битолчани произведувале и продавале марихуана – четворица уапсени

Четири лица вчера се лишени од слобода за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, откако се извршени претреси на две локации на подрачјето на Битола. Едно од лицата е лишено од слобода на граничниот премин Табановце на излез од Македонија, информира МВР.US-HEALTH-POLITICS-DRUGS-MARIJUANA-FILESМакедонскиот државјанин Б.В.(1968) во Корча, Албанија, организирал мрежа на препродавачи и посредници за натамошна продажба на наркотична дрога со потекло од Албанија на лица во Македонија по цена од 2.000 до 2.500 евра за еден килограм марихуана и 30-40 евра за еден милилитар хашишо во масло, со цел да стекне противправна имотна корист. Откако ќе ја набавел наркотичната дрога по негови инструкции од страна на засега непознато лице преку нелегални премини била префрлувана на територија на РМ од каде што подоцна е преземана од страна на Б.В.

По остварен договор за купопродажба на марихуана В.Б. му предал на В.Р.(1983) од Битола неутврдена количина наркотична дрога марихуана, која В.Р. заедно со неговиот брат Љ.Р.(1979), исто така од Битола, и неговата сопруга К.К.Р. (1982) ја препакувале за натамошна препродажба.

policija-11-На 24 септември 2015 браќата В.Р. и Љ.Р. во „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки препакуваната дрога ја однеле на паркинг пред бензинска пумпа во Битола каде по претходен договор ги чекале К.К.(1978) и Д.К.(1983) од Кочани. К.К. ја купил марихуаната по цена од 6.000 евра. Дрогата потоа ја сместиле во „ауди А6“ со бугарски ознаки. По извршената купопродажба К.К. заедно со Д.К., кој бил со друго возило (ауди А4) со кочански регистарски ознаки, се упатиле кон Прилеп. На регионалениот пат Прилеп – Кавадарци полиција го сопрела „ауди А6“ управувано од К.К. и при преглед под хаубата во делот на моторот пронајдени се три пакувања облепени со селотејп исполнети со растителна материја. Притоа возачот е лишен од слобода. По извршено вештачење утврдено е дека се работи за 2.787 грама наркотична дрога марихуана за што од Полициската станица Прилеп е поднесена соодветна кривична пријава.

Соработката помеѓу В.Б. и В.Р. продолжила и во ноември 2015 година. В.Р. набавил масло од хашиш заради натамошна препродажба. За таа цел на 19 ноември 2015 година тој имал средба во Битола со Д.М. и Д.М. од Скопје на кои им продал течност во шприц по цена од 10.600 денари. Истиот ден на наплатна рампа Петровец полиција го сопрела возилото на Д.М. (шевролет авео) со скопски регистарски ознаки, и по извршениот преглед Д.М. го предал шприцот, за кој било утврдено дека содржи 4 мл масло од хашиш.

Полициски службеници на граничниот премин Табановце на излез од Македонија вчера го лишиле од слобода В.Б., а биле извршени претреси на дом и други простории на две локации во Битола, во домот на В.Р. и во домот на Љ.Р. и на една локација во Кочани.

– При извршените претреси, кај В.Б. се пронајдени три мобилни телефонски апарати со три СИМ картички, 1.720 евра и 8.000 денари, додека кај В.Р. пронајдени се шест мобилни телефонски апарати, пет СИМ картички, два лаптопа, во домот на Љ.Р. пронајдени се три телефонски апарати, три СИМ картички, два компјутера, два УСБ стикови, мемориска картичка и 180 куршуми со различен калибар и топовски удар и кај лицето Д.К. пронајдено е мобилен телефон со СИМ картичка, информира МВР.

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Б.В.(1968) во Корча, Албанија македонски државјанин, В.Р.(1983) од Битола, Љ.Р.(1979) од Битола, осомничени за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’, за Љ.Р. осомничен за „недозволено држење оружје или распрскувачки материи“ и за К.К.Р. и Д.К. – осомничени за кривично дело „помагање“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com